February 28, 2020 07:11
Балкан

„Газета Експрес”: Палмер ќе го посети Косово, датумот се уште не е утврден

 Американскиот заменик-помошник државниот секретар, Метју Палмер, кој е именуван за специјален американски пратеник за Западен Балкан, планира да го посети Косово, но датумот се уште не е утврден, објави денеска „Газета Експрес”.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, информацијата во писмен одговор упатен до порталот ја потврди Амбасадата на САД во Косово.

Ова ќе биде прва посета на Палмер на Косово во својство на специјален американски пратеник за Западен Балкан, функција на која беше именуван со одлука на државниот секретар Мајк Помпео на 30 август оваа година.иа