Спорт

Гаврдиола: Знам колку можеме да бидеме добри ние

Лидерот во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција кој е на вистинскиот пат да ја освои титулата на домашната сцена Манчестер сити ќе брани гол предност во вечерашниот реванш од полуфиналето во Лигата на шампионите со француслиот ПСЖ (2:1). Гостите од Париз ќе бидат мотивирани да им се реваншираат на „граѓаните“ и да го повтората минатосеонскиот успех со настапот во финалето каде беа поразени од Баерн Минхен.

-ПСЖ е неверојатен тим. Можат да бидат непредвидливи и да победат. Ги познавам нивните квалитети. Можат да бидат опасни. Од друга страна, уште подобро знам колку ние можеме да бидеме добри. Во реваншот мораме да го повториме вториот дел од Париз, не е многу сложено. Опасноста е иста како на првиот меч. Тие посакуваат финале, тоа е нормално, ама ние никогаш не сме биле таму. Мора да бидеме фокусирани, да се држиме заедно и да ја наметнеме нашата игра. Реванш во полуфинале во ЛШ е секогаш тежок меч, многу се размислува на претходниот резултат и лесно се заборава на победата – изјави Пеп Гвардиола тренерот на Манчестер сити во пресрет на вечерашниот (21 ч.) дуел на „Етихад“.

AnimeFreak one piece animefreak: Umibe no Étranger Episode Full

AniWatch anime online: Dragon Ball Z (Dub) Episode 291