April 15, 2021 10:22
Свет

(Вoзнемирувачко видео) Во Боливија се урна ограда на балкон, при што загинаа пет студенти

Најмалку пет студенти загинаа во Боливија откако паднаа од четвртиот кат од зградата на Универзитетот Ел Алто во град недалеку од Ла Паз.

Несреќата се случила кога се срушила оградата на балконот. Видеото покажува голема група студенти кои се собираат на балконот кога оградата попуштила и студентите паднале.

Moment of the fall of students at the Public University of El Alto (UPEA)- Bolivia after railings were broken, following a fight between students. (02/03/2021) from CatastrophicFailure

„Досега имаме информации дека пет студенти загинале, додека тројца се на интензивна нега“, изјави министерот за внатрешни работи, Едуардо дел Кастиљо.

Несреќата се случила во зградата на Факултетот за финансии, каде што студентите во тој момент имале состанок.

Од терасата паднале најмалку осум студенти.