October 22, 2021 20:53
Спорт

Вујовиќ и Стоилов во публиката го гледаат „осмиот“ играч на Вардар против Мешков

Македонскиот и двократен европски првак Вардар в среда пред своите гелдачи ги продолжува настапите во меѓународното клупско натпреаврување Лигата на шампионите. Во првиот меч од новата сезона Вардар во „Јане Сандански“ го пречекува белорускиот Брест Мешков, откако на стартот како гости кај норвешкиот Елверум, можеа да победат, но и да загубат, па на крајот двете екипи се задоволни со ремито (27:27).

Во пресрет на новиот предизвик тренерот на „црвено-црните“ Веселин Вујовиќ и капитенот Стојанче Стоилов очекуваат тежок и неизвесен меч, а во публиката го гледаат „осмиот“ играч за Вардар против Брест Мешков.

-Ова е еден од натпреварите кои мора да ги добиеме, но за тоа треба да се избориме на теренот. Не сакам да се жалам, но имаме одиграни четири натпревари за седум дена, а со дополнителни два, ќе одиграме шест натпревари за 12 дена. Вардар во овие моменти нема екипа да го издржи овој ритам. Не бараме оправдување, но последната недела немаме направено два нормални тренинзи. Мешков од година во година оди напред. Немаа скок како Вардар кој ја освои ЛШ, но се сигурен клуб, имаат добри играчи иако се се врти околу Скубе. Вардар без навивачите не е Вардар, тое се виде на натпреварот со Загреб – вели Вујовиќ.

Тренерот на „црвено-црните“ смета дека клучот за победата против Мешков, која би била прва оваа сезона е одбраната.
– Слабост на Мешков се повредените ракометари, но тие имаат на сите позиции по двајца играчи. Силата на Вардар треба да биде во одбраната, не смеме да примаме лесни голови, Мора да го натераме Мешков добро да крвави за да даде гол. Мора да играме на мал резултат и тогаш нашите шанси се поголеми – додава Вујовиќ.

И капитенот Стоилов го дели мислењето на тренерот Вујовиќ.

-Тренерот кажа се. Играме против Мешков, откако во првото коло одигравме чуден меч што можевме да го добиеме и да го загубиме, а реми можеби беше најреално. Нѐ чекаат три меча во серија, но важен е Мешков Брест, дома пред публика после долго време. Имаме двајца нови играчи, а немаме доволно време за воигрување. Се надевам дека ќе одиграме најдобро што можеме и ќе победиме заедно со публиката, порачува Стоилов.

илов.

Website https://animeheaven.pro: Watch Samurai Spirits 2 animeheaven Episode 2 animeheavenru

Website https://aniwatch.pro: Watch Fighting Spirit: Champion Road aniwatch Episode Full watch animes

https://animekisa.in dubbed anime

Watch Mashin Eiyuuden Wataru: Owarinaki Toki no Monogatari Episode 3

Reddit: https://www.reddit.com/user/animeflixnl

Bcmoney-mobiletv: http://bcmoney-mobiletv.com/animefreakws