По срамниот пораз на Хрватска од Аргентина (23-19) на 27. Светско првенство што го доведе во прашање настапот на „коцкестите“ во четвртфиналето, селекторотЛино Червар поднесе оставка. Заминува од жешката клупа по завршувањето на мундијалот. Во хрватските медиуми веднаш се појавија имињата на евентуалните наследници на Червар, а меѓу нив се најде и Веселин Вујовиќ, кој лани го предводеше хрватскиот клупски првак ППД Загреб, а сега е на клупата кај босанскиот Борац Бања Лука..
-Во Хрватска има тренд на вложување во домашни тренери,односно екс играчи кои сеодлучија да
станат тренер. Ќе бидечудно ако новиот селектор биде странец. Гледам дека имам голема поддршка
во анкетите, но тоа не значи ништо, народот не го бира селекторот. Сепак,ако ми понудат, да, сигурно ќе прифатам, зошто да не? Иако наполнив 60 години и уморен сум, Хрватска не би ја одбил. Никој не би ја одбил“, вели Вујовиќ.
Покрај Вујовиќ, како кандидат за наследници на трофејниот Червар е уште еден екс македонски селектор, Ивица Обрван, потоа Славко Голужа, Хрвоје Хорват…