January 27, 2021 12:12
Спорт

Вујин: Ги воочивме грешките од првиот меч со Кјелце, во Полска одиме на победа

Вардаровата ракометна експедиција денеска патува за Полска, каде што утревечер (20.45) ќе се пресмета со Кјелце, во 8. коло од групата во Лигата на шампионите. Оваа пресметка е реванш на последниот дуел одигран пред пет дена Скопје, кој заврши со победа на полскиот првак од 33-29. Десниот бек на македонскиот и сеуште актуелен европски ракометен првак Вардар, Марко Вујин, верува дека неговиот тим може да оствари добар резултат на гостувањето во Кјелце. „Црвено-црните” порачуваат дека ги научиле грешките од дуелот во Скопје и сега ќе одат да му се реваншираат на Кјелце кого до тримфот го предводеа поранешните вардарови играчи Алекс Душебаев и Игор Карачиќ, потпомогнати од голманот Андреас Волф.

-Кјелце е силен противник. Тоа го видовме и кај нас пред неколку дена. Вистина е дека без навивачите домашниот терен не е некоја предност и нема некоја голема улога за екипа која е домаќин. Ние одиме во Кјелце со одработени неколку тренинзи меѓу двата натпревара. Направивме видеоанализа на нивната игра. Ги воочивме грешките што ги направивме на првиот меч. Се надевам дека тоа ќе го исправиме и ќе успееме да направиме позитивен резултат. Тие се врвен тим, но и ние исто така. Сакаме да победиме, па ќе видеме што ќе се случи, изјави Вујин, пред тргнувањето за Полска.

 

KonoSuba: God's Blessing on This Wonderful World! (https://animefreak.ws/m/0J1) Episode 10 at AnimeFreak bleach animefreak

Hero Return (https://funimationfree.com/m/LQY7) Episode 12 at website https://funimationfree.com. See more funimation subscribe