January 21, 2019 23:40
Балкан

Вучиќ ќе добие орден „Александар Невски”

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша декрет за доделување на орденот „Свети Александар Невски” на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти Кремљ.

– Александар Вучиќ се наградува за голем личен придонес во мултилатерната соработка со Руската Федерација, се наведува во соопштението на Кремљ.

Ова е најзначајното признание кое, по речиси сто години, му се доделува на Србин.

Орден „Свети Александар Невски” имаат добиено и Милан Обреновиќ и Александар Караѓорѓевиќ, а последен пат му е доделен на Никола Пашиќ.

Related posts

Гратче на Хвар бара доктор со платен стан и бонус од 6 700 евра, на огласот се јавила само докторка од Македонија

Filip

За 15 години 330.000 Албанци станале државјани на земјите на ЕУ

Filip

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ужасната сообраќајка во која загинаа три тинејџерки кај Сараево

24news