February 3, 2023 11:37
Балкан

Вучиќ сепак ќе патува во Тирана на самитот ЕУ – Западен Балкан

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ потврди дека ќе патува во Тирана и ќе учествува на самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан што ќе се одржи на 6 декември. Во денешната изјава, Вучиќ рече дека не е сигурен дека ќе има некаква корист од неговото заминување во Тирана, но дека ќе има голема штета ако не оди.

-Разговарав со Ана (премиерката Брнабиќ), со пријателите, немам проблем, не се работи за моја суета, десет и пол години се трудам секогаш да се грижам за сè. Понекогаш едноставно те преоптоваруваaт емоции, кога веќе не знаеш што да правиш, кога некој со месеци произведува кризи, изјави Вучиќ за одењето во Тирана и додаде:
– На овој начин, без разлика што темата е Западен Балкан и што 20 од нив на неадекватен начин ќе почнат да зборуваат за санкции кон Русија и за проблемот со Косово, можеби моите колеги се во право кога велат дека е подобро да се слушне барем еден одговор отколку да не се слушне ништо, рече Вучиќ кој пред неколку дена изјави дека никој од Србија нема да присуствува на состанокот поради одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да го назначи Ненад Рашиќ за министер за заедници.