November 24, 2020 04:29
Балкан

Вучиќ: Работите се покомпликувани од она како што ги замислува Приштина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, учествуваше денес на панелот во рамките на Белградскиот безбедносен форум (ББФ) прку видео врска заедно со Авдулах Хоти, премиерот на Косово, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак и Рајан Тали, директорот на безбедносниот совет на Белата куќа.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, Вучиќ на панелот посочи дека Приштина мора да го смени ставот дека единствено решение е Србија да го признае Косово и да разбере дека е потребно да се спроведат сите потпишани договори, пред сè, Бриселскиот,

додавајќи дека само на тој начин може да се најде компромисно решение, за кое нема алтернатива.

Косовскиот премиер, Авдулах Хоти, кажа дека во последните две децении видовме голема трансформација на односите меѓу земјите од регионот, што е јасен знак за стабилна иднина, за што им се заблагодари на ЕУ и САД за нивната улога.

-Што се однесува до Косово, нашата политика за регионални односи се заснова на конструктивност и добрососедски односи. Ова е можно само кога се признаваме едни со други и водиме конструктивен дијалог. Имаме јасни знаци дека придонесуваме за безбедноста во регионот, мислам дека Западен Балкан треба да остане регион со јасна евроатлантска иднина. Ние не сме на границите на ЕУ, кажа Хоти, кој додаде дека договорот од Вашингтон е„ историски момент” и дека Приштина е подготвена за него.

Специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, изјави дека политичарите не треба да се занимаваат со минатото, објаснувајќи го минатото во контекст на помирувањето, туку тоа треба да биде работа на експерти.

-Регионот има не само заедничко минато, туку и заедничка иднина. Сите лидери треба да се запрашаат: „Дали ова што го правам ќе го направи мојот народ поблизок до Европската унија, или не?” Но, лидерите не си го поставуваат тоа прашање доволно често “, кажа Лајчак.

ЕУ стана претпазлива кога станува збор за „увоз” на предизвици (како што се односите Белград-Приштина).

-Земјите од регионот мора да сметаат дека европската перспектива не е далечен сон, туку непосредна иднина. ЕУ е најпросперитетна заедница на нации и ги почитува нејзините обврски, вклучително и оние од Солун во 2003 година. Што се однесува до дијалогот меѓу Белград и Приштина, јас го гледам процесот на нормализација како главен придонес во регионалниот дијалог. Тоа не е едноставен процес, но не се сомневам дека вреди, кажа Лајчак.