November 26, 2020 05:22
Балкан

Вучиќ: Новата влада коалициона со СПС и СПАС и со ограничен рок до нови избори во април 2022

Идната срспка влада ќе биде коалциона влада со СПС на Ивица Дачиќ и СПАС на Александар Шапиќ и со ограничен рок од две години, се до вонредните парламентарни избори, кои ќе се одржат паралелно со претседателските, не подоцна од 3 април 2022 година, изјави вечерва српскиот претседател и лидер на Српската напредна партија (СПС) Александар Вучиќ.

Како што јави дописникот на МИА, Вучиќ на прес конференција по седница на претседателството на СНС изјави дека лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ ќе биде идниот претседател на српското собрание.

Вучиќ изјави дека на седницата на СНС, врз база на големото мнозинство што го освои партијата на парламентарните избори и поради пандемијата на коронавирус, донесени се 6 препораки и приоротети за мандатарката Ана Брнабиќ за идната влада.

Во препраките кои Вучиќ ги истакна се борбата против епидемијата, борбата за Косово со подготвенсот за компромисно решение, борбата против мафијата, реформи во правосудството и евопските интеграции, економски раст на Србија од 6%, борба за суверенитетот и независноста на Србија со воена неутралност.

-Имаме мнозинство и тоа значи голема одговорност. Имавме 8-годишна успешна коалиција со СПС на Дачиќ и соработката ќе ја продолжиме и во новата влада, со нешто изменет формат.Ќе имаме коалиција и со СПАС на Шапиќ, изјави Вучиќ, кој додаде дека ќе се разговара и со партиите на малцинствата, за одредени раководни места, за државни секретари и директорски места.

Според Вучиќ, за составот на новата влада на Ана Брнабиќ сеуште се водат разговори со коалиционите партнери, а постојат и „уште неклку дилеми за министри” додаде тој, посочувајќи дека во недела ќе се знае составот на владата, а во среда, по измена на законите за владата поради две-три нови министерства, се очекува мандатарката Ана Брнабиќ да го има своето експозе за работа на новата влада и да ги презентира новите министри.