August 21, 2019 04:35
Балкан

Вучиќ: На провокациите од Приштина ќе реагираме „воздржано и смирено”

Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод одлуките на Приштина и носењето на резолуцијата за геноцид на Србија на Косово, изјави денеска дека „на овие провокации Србија ќе реагира воздржано и смирено, за да не го загуби кредибилитетот во меѓународната заедница, но и ќе го заштити српскиот народ”.

Тој за РТС оцени дека со носењето на оваа Резолуција и изјавите на косовските власти, „маѓепсаниот круг на Кососо, не е затворен”.

По повод изјавата на Кадри Весели дека „Ниш е стар српски град кој некогаш бил населен од многу Албанци, кои биле протерани од Србите”, и дека „нашите стари граѓани на Приштина имаат дојдено од нишкиот регион, особено од околината на Куршумлија”, Вучиќ искоментира дека „би сакал да дојде во Ниш и Куршумлија, за да види како тоа изгледа и како тоа ќе му успее”.

Српскиот претседател исто така најави дека е „подготвен веднаш да говори пред Народното собрание на темата за Косово, особено во наредните неколку денови, доколку за тоа постои можност.”

Тој додаде дека Србија ќе реагира на одлуките на Приштина со донесување на некои општи акти во Собранието, како и со донесување на подзаконски акти во Владата.

Вучиќ, исто така, изјави дека „многумина воделе хајка против него” поради идејата за разграничување на косовското прашање и дека притоа „не знаеле за што се работи, ниту прашувале”.

– Една година водат хајка против мене поради идејата за разграничување, а сега велат дека не знаат за што се работи. Како водите хајка против нешто, а не знаете за што се работи? И притоа за сето ова време ниту прашавте, а бев подготвен за дијалог со сите што сакаа да разговараат за Косово, рече Вучиќ за РТС.

Тој додаде дека е подготвен да ризикува многу нешта, но дека тоа е невозможно во услови кога „никој не сака да застане со вас”.

Нови вести

Вучиќ по средбата со Помпео: Moже да сметаме на американска поддршка за укинување на таксите

Filip

Српската опозициска Народна партија ќе ги бојкотира претстојните парламентарни и локални избори

Filip

Амфилохие: Ѓукановиќ не знае што е црква, тој не е ни крстен

Filip