Балкан

Вучиќ на мета на двајца снајперисти, награда за „неговата глава“ милион евра

Претседателот на Србија бил демнат од двајца потенцијални атентатори, снајперисти кои требало да го убијат Александар Вучиќ во текот на наредниот месец, дознаваат ексклузивно „Вечерњи новости“.

Целата приказна ќе биде објавена во утрешното печатено издание на весникот, а на поралот вечерва е само објавено за снајперист кој требало да пристигне преку Босна и Херцеговина. Во Белград имал обезбедено логистика во вид на луѓе блиски на криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, чиј ментор и организаторот на атентатот е Радоје Звицер.

Како што информираа од српското МВР пред неколку дена, држава на ЕУ ја информирала Србија за атентат, за што добие потврда од ЕВРОПОЛ. Вучиќ во интервју објави само дека на списокот кој го добиле имало седум имиња. Неофицијално, лидерот на „кавачкиот клан“, Звицер, кој е во бегство во Јужна Америка е организатор.

Според други информации, за убиството бил подготвен најмодерен снајпер и искусен воен снајперист. Изработени се најмалку два планови за егзекуција, а атентат бил планиран за првата половина на февруари.

Непосредниот сторител бил снајперист од воени структури кој, според Европол, и претходно извршил убиства за мафијата и западните служби. Кога Звицер го ангажирал воениот специјалец да го убие Вучиќ, тој наводно ја договорил оваа работа за еден милион евра, а добил моќна логистика и гаранции дека безбедно ќе биде пренесен во некоја јужноамериканска земја.

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

watch animes Pokémon Journeys: The Series

GoGoAnime JUJUTSU KAISEN (Dub) Episode 20

GoGoAnime Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Entertainment District Arc Episode 3

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 21

anime websites Boruto: Naruto Next Generations (Dub)