September 25, 2021 05:25
Балкан

Вучиќ најави нови досега невидени снимки поврзани со криминалната банда на Беливук

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Пинк одговараше на некои жешки теми кои се актуелни последниве денови во српската, но и  во балканската јавност.

На нападите и обвиненијата во врска со криминалната група Вељко Беливук – Марко Миљковиќ, претседателот на Србија најави дека ќе бидат емитувани досега невидени снимки.                               На прашањето од водителката дали секој Србин што не се согласува со терминот геноцид за Сребреница треба да биде на потерница на Интерпол, Вучиќ одговори дека со Бошњаците треба да се градат пријателски односи, пренесува Телеграф.

-Мораме да разговараме и да се почитуваме, а не едни на други да забодуваме нож во грб. Мора да отвориме дијалог оти ние го споделуваме просторот со Бошњаците, рече Вучиќ.
Вучиќ одговори и на прашање поврзано со Никола Тесла и Хрватска.
-Никола Тесла е Американец со српско потекло. Тој е човек чиешто семејство е убиено затоа што му припаѓало на српскиот род, изјави тој.

Во врска со односите со Хрватска, Вучиќ рече дека нему му е битно сочувувањето на границите.  -Ним тоа не им е доволно. За првпат нашиот БДП е поголем од хрватскиот. Тоа е успех на Србија и јас ја разбирам нивната потреба да ја омаловажат Србија оти ние растеме.                                        Вучиќ истакна дека има голема и важна вест за граѓаните.                                                                              -Донесовме одлука на граѓаните да им дадеме уште по 20 евра во декември. Сакаме на луѓето да им дадеме повеќе пари кои ќе ги потрошат во својата земја. Значи пензионерите добиваат 100 евра вкупно, а сите останатите граѓани, а ќе има и дополнителна пријава за 20 евра. Тие вкупно ќе добијат 50 евра, рече Вучиќ.

 

 

AniWatch: Assassination Classroom The Movie: 365 Days' Time anime episode Full online free at https://aniwatch.pro animes online

Website https://animedao.nl: Watch Concrete Revolutio animedao Episode 13 animedao website

4Anime: The Story of Chinese Gods (Dub) anime episode Full online free at https://4anime.biz persona 4 the animation crunchyroll

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed

Network changemakers: https://network.changemakers.com/profiles/106401427678513382854

Cliqafriq: https://cliqafriq.com/animefreakws