February 16, 2019 17:23
Балкан

Вучиќ нареди највисока борбена готовност за српската армија

Вучиќ нареди највисока борбена готовност за српската армија

Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди целата армија на Србија да биде ставена во највисока борбена готовност, потврдиле за Танјуг извори од Кабинетот на претседателот, кој е и врховен командант на српската армија.

Наредбата му е пренесена на началникот на Генералштабот на српската армија.

Претходно беше соопштено дека околу 60 припадници на косовските специјални единици (РОСУ) биле распоредени во непосредна близина на браната и вештачкото езеро Газивода. Припадниците на РОСУ наводно влегле во Центарот за екологија и развој на спортот, во непосредна близина на хидроелектраната.

Главниот портпарол на КФОР Винченцо Грасо потоа за Танјуг изјави дека мисијата се уште нема информации за тоа дека припадници на РОСУ влегле во северниот дел на Косово, во близина на хидроелектраната Газивода.

Тој додаде дека е во тек проверка на информациите и оти се врши мониторинг на ситуацијата.

Related posts

Хорор во Белград: Момче се скарало со девојката, па скокнало од 13-ти кат

24news

Невидена сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, 7 лица загинати, 35 повредени 

24news

Маж загина во експлозија на автомобил во Подгорица

Ivona