Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи објави фотографија на која тој и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој е во посета на Белград, заедно печат ќебапчиња.
–Ќебапчињата ги спремавме заедно. Му благодарам на Шарл Мишел на посетата и на поддршката на европската иднина на Србија, напиша Вучиќ, објавувајќи ја фотографијата.