Македонија

Вучиќ и Брнабиќ ги почестија со вечера Заев и Рама

Премиерот Зоран Заев денеска вечерал со српскиот претседател Вучиќ, премиерката на Србија Ана Брнабиќ и албанскиот премиер Еди Рама на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, како што покажа на фотографијата која ја објави на својот Фејсбук профил.

„Добредојдена е секоја иницијатива што оди во насока на зајакнување на регионалната соработка, како критериум и во ЕУ агендата и што ја забрзува евроинтеграцијата на Западен Балкан.

Утре со Претседателот на Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија Еди Рама ќе разговараме за тоа во Нови Сад.

Имаме неискористен потенцијал за зголемување на регионалната соработка, интензивирање на трговијата, протокот на стоки, мобилноста на луѓе, услуги и капитал, меѓу сите земји од Западен Балкан.“, напиша премиерот Заев.

Добредојдена е секоја иницијатива што оди во насока на зајакнување на регионалната соработка, како критериум и во ЕУ…

Posted by Zoran Zaev on Среда, 09 октомври 2019