Вучиќ на прес-конференцијата рече дека ќе се работи за дополнителни пари за раѓање на второ дете, бидејќи смета дека второто дете е „еден вид пресвртница“. Тој прецизираше дека овие мерки подетално ќе бидат објавени во следните 15 дена.
„Го имаме предвид фактот дека исчезнуваме како нација, дека нè има се помалку, бидејќи податоците покажуваат дека стапката на наталитетот е само малку поголема од 1,5, а за проста репродукција стапката треба да биде 2,15. Ние сме се постари и економскиот напредок ќе зависи од тоа како ќе обезбедиме напредок на нацијата со овие демографски мерки“, рече Вучиќ на прес-конференцијата.
Тој посочи дека помошта од 300.000 динари ќе биде издвоена од државниот буџет, а Градот Белград и многу други градови ќе продолжат да им помагаат на родилките.