April 2, 2020 20:42
Балкан

Вучиќ: Западните сојузници ќе ги усогласат своите ставови околу Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека ставовите на западните сојузници за решавање на косовското прашање ќе бидат усогласени, но тој не знае во која форма истите ќе бидат соопштени.

-Без оглед дали први ќе се појават Американците или Европејците не е небитно, ставовите ќе бидат усогласени, изјави Вучиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање кога очекува да биде предложен планот „Ахтисари плус, плус”, Вучиќ кажа дека постојано се поставува такво прашање, но дека тоа не е суштинско, туку е прашање на форма.

„Некаде на некој околу ова му се брза”, кажа тој, а некаде постои желба ова да се забави.

-Не знам кога. Можеби за три месеци или три години. Во секој случај тоа ќе се случи, истакна тој, довајќи дека за време на неговата утрешна посета на Вашингтон, прашањето за Косово несомнено ќе биде домининтна тема во разговорот со американски официјални лица и дека тој ќе се бори за српските интереси.

-Сè што би ја загрозило стабилноста, мирот и поредокот и би наметнало било какви санкции, ќе предизвика страшен проблем за Србија, објасни Вучиќ, одговарајќи на прашањето на неговата изјава дека по укинувањето на косовските такси, може да се очекува огромен притисок врз Србија да го признае Косово или да добие столче во ОН.