Балкан

Вучиќ: Групата на Беливук на една мајка и испраќала фотографии од масакрираниот син

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека ќе биде „научна фантастика“ групата на уапсените криминалци Вељко Беливук и Марко Миљковиќ да се најдат на слобода. Во празничното издание на Блиц, Вучиќ посочи дека оваа криминална група, како што вели, е осомничена за убиство на многу луѓе. Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и членови на нивната група беа уапсени на почетокот на февруари годинава под сомнение дека сториле најтешки кривични дела. Нивниот притвор неодамна повторно беше продолжен.

Засега постојат сомневања дека во куќата  на ужасот во Ритопек биле убиени Горан Величковиќ, Здравко Радојевиќ и Милан Љепоја. Истражителите се сомневаат дека телата биле распарчувани, мелени во индустриска мелница за месо, а потоа со киселина биле уништени трагите на злосторството.

-Можам да ви откријам дека на мајката на еден од убиените и испраќале слики од масакрираниот и осакатениот син. Да имате предвид за какви чудовишта станува збор, рече Вучиќ.

Криминалната група на Беливук и Миљковиќ е уапсена за време на владеењето на партијата на Вучиќ. Според него секогаш ќе има луѓе кои се занимаваат со најтешки кривични случаи, особено со наркотици.

Двата клана се увезени од Црна Гора, тие имаат свои водачи. Еден од главните меѓу кавчакиот клан, кој не се крие, е (Радоје) Звицер, шкаљарците имаат свои водачи. И сите тие го имаат својот највисок шеф и сите тие дојдоа од Црна Гора. Не е важно дали се тука локално. Целата организација, пари, логистика, сè е од Црна Гора, рече претседателот на Србија.

Александар Вучиќ изјави дека со групата Беливук и Миљковиќ требало да се пресметаат уште порано заради нивната монструозност, но дека, како што рече претседателот на Србија, тој е задоволен што е тоа направено успешно.

-Горд сум на фактот дека Белград денес е еден од најбезбедните градови во Европа, рече претседателот на Србија.

 

ANIMEFLIX animeflix my hero academia movie: Watch I Shaved. Then I Brought a High School Girl Home. Episode 4

AniWatch watch anime free: Watch Banana Fish Episode 2 (https://aniwatch.pro/m/XalV/ep-2)