November 28, 2021 05:53
Балкан

Вучиќ во Белград го отвори саемот на оружје „Партнер 2021″

Паралелно со одржувањето на Самитот на неврзаните во Белград, каде учествуваат делегации од над 100 земји од целиот свет, српскиот претседател Александар Вучиќ денес го отвори Саемот за оружје и воена опрема „Партнер 2021″. На саемот присутни се вкупно 132 излагачи од кои 36 се од 16 странски земји, а Русија е претставена со 25 компании.

На отворањето на Саемот „Партнер 2021″, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кажа дека Србија ќе продолжи да ја зајакнува војската и да ја развива одбранбената индустрија.

-Во светот на интересите, не постои милостиња за слабите, туку почит кон силните, и затоа е важно да ја развиеме одбранбената индустрија, нагласи Вучиќ.

Тој посочи дека на годинашниот саем прикажани се досега најмногу новини.

-Успеавме во претходните години армијата и воената индустрија да ги ставиме на пиедесталот на довербата на луѓето. Тука се претставени капацитетите за истражување, тестирање и ремонт на Министерството за одбрана и нашата одбранбена индустрија, како и највисоките достигнувања на Југоимпорт и нашите институции, чија задача е да ја опремат и обучат армијата, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека е тешко да се спротивстави на големите сили во промоцијата на воена опрема и оружје, но дека е важно Србија да го изгради својот пат и да ги избере оние области каде што може да се натпреварува со најдобрите.

На саемот беше претставено новото мултифункционално оклопно возило „Лазански”, како најсофистицирано и најмодерно тешко оклопно возило, развиено од компанијата „Југоимпорт СДПР”. Тоа е всушност модифицирана верзија на постоечкиот „Лазар 3″, а главна разлика помеѓу „Лазар” и „Лазански” е повеќенаменскиот топ за дејствување по жива сила, лесни оклопни возила и фортификации.

AnimeTV: ISEKAI QUARTET anime episode 12 online free at https://animetv.cc watch anime free

Watch Burn Up! (Dub) Episode Full

Stratos 4.1 "CODE: XXX DUTCH ROLL" (https://animefreak.ws/m/Eeab) Episode Full

https://animeheaven.pro boruto anime heaven

ANIMEFLIX: Genshiken Second Generation Specials anime episode 4 online free at https://animeflix.nl overlord animeflix