January 27, 2021 08:21
Балкан

Вучиќ вечерва го посети патријархот Иринеј за да види каква е неговата здравствена состојба

Претседателот Александар Вучиќ вечерва околу 22 часот беше во Воено-медицинскиот центар за да ја види состојбата на патријархот Иринеј. Оваа вест беше потврдена за Танјуг од кабинетот на претседателот Вучиќ.

Лекарите го информираа претседателот дека неговата светост е сè уште во многу сериозна состојба, на апарати за дишење. Состојбата на српскиот патријарх Иринеј се влоши синоќа. Владиката Стефан Шариќ, викарен епископ на патријархот и старешина на Храмот Свети Сава, за „Блиц“ изјави денеска дека лекари од Србија и Руската Федерација се грижат за патријархот на Српската православна црква.

– Загрижени сме, очекувавме дека работите ќе се развијат во поинаква насока – рече владиката Шариќ.

Вучиќ, исто така, на прес денес изјави дека патријархот Иринеј бил интубиран во текот на попладневните часови и дека се наоѓа во сериозна состојба.

Да потсетиме, поглаварот на Српската православна црква (СПЦ) беше хоспитализиран на 5 ноември во Воено-медицинскиот центар во Карабурма, откако редовниот тест, ден претходно, потврди дека е позитивен на коронавирусот.

Watch Tensei shitara Slime Datta Ken 2nd Season Episode 1 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll premium account reddit 2020

Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) Episode 10 at website https://kissanimeonline.com. See more one piece stampede kissanime