October 18, 2021 13:38
Свет

Вулканот на Канарските острови петти ден исфла лава, отровна пепел ја прекри околината

Вулканот Камбре Виеја, на островот Ла Палма, еден од  Канарските острови, утринава повторно еруптира исфрлајќи лава во воздухот по силните експлозии, а отровна пепел ја прекрива околината.

Петти ден по ред, лавата што се истураше по падините на вулканот проголтува куќи, училишта и насади со банани, иако сега побавно отколку во претходните денови.

Се што почна во неделата како нешто извонредно, нешто убаво за гледање, следниот ден се претвори во трагедија, рече Ненси, сопственичка на продавница за накит во тоа место. “Имам многу пријатели таму, семејства кои загубија се. Нашите срца се скршени”.

Потоците од лава од неделата полека се движат кон запад, палејќи сe на патот, вклучувајќи куќи, училишта и насади со банани, кои се најголемиот извозен производ на островот.

Лавата уништи речиси 200 куќи и принуди илјадници луѓе на бегство.

Порталот за недвижности „Идеалиста” процени дека вулканот досега уништил недвижен имот во вредност од околу 87 милиони евра.

Шпанските банкарски здруженија им понудија на луѓето кои ги загубија своите домови празен недвижен имот во сопственост на банки.

Локалните власти ги предупредија луѓето внимателно да го мијат зеленчукот и облеката за да избегнат вдишување од отровната пепел.

Облакот од сулфур диоксид се очекува во следните неколку часа да се движи кон исток над остатокот од Канарските Острови, Пиринејскиот Полуостров и Медитеранот.

TwistMoe Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://animetv.cc: Watch Azuki-chan the Movie animetv Episode Full anime tv google play

Youxia Zhanji (https://animeheaven.pro/m/aYlz) Episode 4

https://animepahe.cc anime online

Artmight: https://artmight.com/user/profile/181940

Hulkshare: https://www.hulkshare.com/gogoanimelol