October 17, 2021 18:52
Култура Скопје

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска и утре е домаќин на Вториот форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и НР Кина, како дел од меѓународната годишна програма на Министерството за култура на Северна Македонија и годишната програма на културни настани на Град Скопје. На настанот ќе бидат претставени национални, градски и универзитетски библиотеки од земјите членки на унијата, потписнички на Декларацијата за културна соработка, како и библиотеки од нашата земја. На отворањето на конференцијата присуствуваше и се обрати претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. 

– Не се омневам дека, кога ќе го слушнеме зборот библиотека, на сите ни се создава слика од поголема збирка печатени книги или слика на институцијата во која се чуваат книгите. Но, денес поимот за библиотека се сфаќа во поширока смисла, отколку како збирка од печатени книги, бидејќи може да се однесува на разни збирки од печатени, звучни и визуелни материјали во разновидни аналогни и дигитални формати, како што се: книги, списанија, печатени документи, ракописи, карти, микрофилмови, грамофонски плочи, аудиокасети, видеокасети, CD аудиодискови, DVD видеодискови, а може да содржи и електронски книги, аудиокниги, видеоигри и други електронски ресурси снимени на соодветни мемориски дискови. Новите текови на живеење, го наметнуваат и користењето на новите технологии. Па така, секоја современа библиотека е, на некој начин, и дигитална библиотека. Нашата библиотека дигитализацијата ја започна во 2007 година и денес во дигиталната библиотека можат да се најдат ретки наши изданија на книги, периодика, фотографии… Тука, би сакала да ги споменам и заложбите на Град Скопје кои се инкорпорирани во неодамна усвоената Стратегија за развој на културата (2021-2030). Оваа стратегија се заснова на пошироко, интеркултурно, но и интер-ресорно разбирање на културата, што ги надминува традиционалните поделби на културните активности во уметноста, културното наследство, библиотекарство, креативните индустрии и живата култура, како и на етнички распределени ресурси, установи и визии, туку се стреми да ги вмрежи сите сектори, ресурси, визии и традиции во креирање на нова, жива и развојна интеркултурна креативна средина. Зајакнувањето на регионалната и меѓународната соработка на Скопје во областа на културата со цел глобално признавање како град на културата е една од стратешките цели на Градот. Меѓудругото, се предвидува и финансиска поддршка за меѓународна соработка; поддршка на билатерални и меѓународни копродукции; како и промовирање на Скопје како сигурен партнер во билатерални и меѓународни проекти во полето на културата. Резултат на таквите заложби е и денешниов меѓународен форум – рече Јанчева.

Таа ја спомена и кандидатурата на Град Скопје за добивање на титулата Европска престолнина на културата во 2028 година, чија цел е креирање долгорочна и одржлива позитивна промена во сферата на јавниот живот, ставајќи ја во фокус културата.

-Неизбежно е и да споменам колку пандемијата со Ковид 19 го погоди културниот и креативен сектор. Градот Скопје, со својот брз одговор на кризата преку иницирањето помош за загрозените градски уметници и создавањето карантински културни содржини, покажа дека е активен чинител во севкупните културни политики на земјата. А, токму забрзаната дигитализација е еден од одговорите кон оваа пандемија – рече Јанчева.

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ е членка на „Библиотечната унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина“ од 2018 година кога беше одржан Првиот Форум на унијата во градот Ханџу, НР Кина, во Градската библиотека. Библиотечната унија е дел од меѓународната соработка на Унијата на земјите од ЦИЕ и НР Кина и центарот за културна соработка на земјите од Унијата  во Скопје, Македонија.

Во 2012 година, официјално започна соработката меѓу НР Кина и земјите од централна и источна Европа, ЦИЕ. По 5 години развивање на соработката, двете страни постигнаа извонредни достигнувања во различни области во кои  културната размена одигра важна улога во консолидацијата на традиционалното пријателство  и зајакнување на меѓусебното разбирање.

Библиотеката, како институција која го чува човечкото културно наследство, е една од неопходните врски во меѓународниот синџир на размена на култури. Со цел да се спроведе Акциониот план за развој „ Belt and Road “ (2016-2020) издаден од Министерството за култура на Кина и да се зајакне соработката во областа на библиотекарството преку споделување на библиотечни ресурси, културна размена и техничка соработка, меѓународната библиотечна заедница силно се заложи за формирање Библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина. Повеќе од 160 библиотеки и нивните претставници од Кина и земјите од централна и источна Европа (ЦИЕ) се собраа во Ханџу на Првиот форум на библиотечна унија и ја потпишаа Декларацијата на унијата за меѓусебна соработка на библиотеките. Градската библиотека во Ханџу е назначена за Секретаријат на унијата на библиотеки.

 

Website https://wcostream.cc: Watch Rockman. EXE Movie: Programs of Light and Darkness wcostream Episode Full wcostream dragon ball super

TwistMoe: Seishun Buta Yarou wa Bunny Girl Senpai no Yume wo Minai Picture Drama anime episode 5 online free at https://twistmoe.net watch anime free

Website https://4anime.biz: Watch evangelion: Another Impact 4anime Episode Full dubbed anime

ANIMEFLIX: Kageyama Tamio no Double Fantasy anime episode 2 online free at https://animeflix.nl animeflix hello world

Tenjho Tenge: The Ultimate Fight Episode 2