February 25, 2021 09:21
Спорт

Втор турнир во зимската „3×3″ баскет лига

Вториот квалификациски турнир во рамки на зимската „3×3″ баскет лига ќе се одржи в недела, во организација на Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) и Здружението 3×3 Macedonia”.

Натпреварите, како што е соопштено денеска, ќе се играат во СРЦ „Кале”, во Скопје, со почеток од 11 часот.

Зимската лига беше отворена на крајот од минатата година, со триумфот на тимот на „Dust Caffe”, во конкуренција на 12 екипи, а за претстојниот втор квалификациски турнир новопријавени се четири у.чесници.

Утрешниот турнир, како што соопштија организаторите, ќе биде одржан во согласност со протоколите за заштита и превенција од ширење на Ковид-19.

Победникот на зимската „3×3″ баскет лига ќе добие парична награда во износ од 2.000 евра, и слот за учество на FIBA Challenger. Второпласираниот тим ќе добие парична награда во износ 1.000 евра, а третопласираната екипа ќе биде наградена со 500 евра.

Watch Kaguya-sama: Love is War Episode 10 (https://crunchyrollfree.com/m/ooYy/ep-10) at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll++ android

My Hero Academia 4 Episode 25 at KissAnime kiss anime monster