November 14, 2019 13:25
Свет

Втор круг од стратешкиот дијалог Грција -САД

Регионалната соработка и безбедноста, економијата, борбата со тероризмот, трговијата и инвестициите, енергетиката, културата, образованието се темите што ќе бидат дел од вториот круг од стратешкиот дијалог меѓу Грција и САД што ќе се одржи денеска, jави дописничката на МИА од Атина. Почетокот на разговорите ќе ги означат шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и американскиот помошник државен секретар Филип Рикер.

Според најавите, се очекуваа за време на стратешкиот дијалог да стане збор за прашањата поврзани со регионалната соработка и безбедноста како Западен Балкан, Сирија и источниот Медитеран, но и односите на Грција со Турција и турските активности во Кипарската ексклузивна економска зона. Меѓу темите ќе бидат и безбедноста и одбраната, односно справување со тероризмот, прекуграничниот криминал и слично, но и економијата, трговијата, претприемништвото, американските инвестиции и енергетиката.

Во рамките на стратешкиот дијалог меѓу двете земји ќе се разговара и за меѓународната димензија на бегалското/мигрантското прашање.

Од грчка страна, освен министерот за надворешни работи ќе учествуваат и министрите за цивилна заштита, за образование, за дигитална политика, за култура и спорт, како и замениците министри надлежни за економска дипломатија, миграциска политика, одбрана, развој, земјоделство и енергија и животна средина.

Вториот круг од стратешкиот дијалог се одржува во продолжение на посетата на Атина на американскиот државен секретар на САД, Мајк Помпео кој со шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас во саботата го потпиша протоколот со амандманите на веќе постоечкиот Договор за одбранбена соработка од 90те години меѓу двете земји.

Нови вести

Бројот на загинати во протестите во Боливија се искачи на 10

zane

Ердоган лично му го вратил скандалозното писмо на Трамп

zane

Воени кучиња во Австрија го убиле водичот на кучиња

zane