February 20, 2020 13:28
Свет

Втор ден од судскиот процес во Сенатот за отповикување на Трамп

– Во американскиот Сенат почна вториот ден од судскиот процес за отповикување на претседателот Доналд Трамп, со претставување на аргументите на обвинителите и бранителите.

Прв излага конгресменот од Калифорнија Адам Шиф, раководител на обвинителниот тим, кој ги претставува аргументите за отстранување на Трамп од власта, обвинет за злоупотреба на власта и попречување на работата на Конгресот.

Претходно, претседателот на Комитетот за правосудство при Сенатот, републиканецот Линдзи Грем, истакна дека ова е втор импичмент во чии процедури како законодавец тој учествува.

-Демократите се спремни да ја уништат институцијата претседател, изјави тој на брифинг денеска, додавајќи дека „претседателот Трамп со оваа постапка ќе биде лишен од законските права со кои располагаа претседателските претходници”.

Адвокатскиот тим на Трамп изјави дека нема да известува колку време ќе им биде потребно за приложување на својата позиција по случајот.

-Спремни сме да почнеме ослободување од вината, изјави Џеј Секулоу, адвокат од одбраната.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, денеска изјави дека во процесот нема потреба да бидат вовлечени лица кои немаат врска со обвиненијата по одредените предмети. Ова тој го изјави откако беше прашан дали не исклучува сведочење на проанешниот потпретседател Џо Бајден и неговиот син.

-Сведоците треба да имаат некаква врска со непосредните наоди од обвинението на адреса на претседателот. Не ни требаат сведоци кои намаат никаква врска со тоа, изјави Шумер, додавајќи дека тој чекор би го одвлекло вниманието на Американците од реалната ситуација.

Државниот секретар Мајк Помпео денеска изјави дека е спремен да даде исказ во рамките на судскиот процес за отповикување на Трамп, ако има обврска тоа да го направи.

-Ако соодветно со законот од мене се побара да дадам исказ, тогаш, како што кажав и претходно, ќе ми биде драго да го направам тоа, рече Помпео во изјава за новинарите на неговото патување на Јамајка.