January 29, 2023 14:20
Македонија

Втор ден амадманска расправа по Предлог-буџетот за 2023

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска втор ден ќе ја продолжи амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година.

Вкупно се поднесени 263 амандмани од кои 199 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од нив, неколку беа одбиени на првиот ден од амандманската расправа во средата.

Во понеделникот заврши општата расправа во текот на која власта и опозицијата ги изнесоа своите ставови. Според парламентарното мнозинство, проектираните буџетски ставки ќе овозможат економско заздравување и справување со последиците од енергетската криза, а опозицијата смета дека станува збор за историски највисок, инфлаторен и расипнички буџет.