February 25, 2021 08:00
Македонија

Второто полугодие почна со хибридна настава, бојкот на дел од матурантите и дискусии за концепцијата за основно образование

Наставата во второто полугодие продолжи по истиот, хибриден модел, како и во првиот дел од учебната 2020/2021 година затоа што, според Министерството за образование и наука, се покажал успешен и обезбедува континуитет во образовниот процес во услови на пандемија. Учениците до трето одделение и повозрасни од помалите училишта, главно подрачни и во рурални средини, вчера се вратија во училишните клупи по тринеделниот зимски распуст, а за поголемиот дел основци и средношколци наставата продолжи на далечина.

Но, на онлајн-наставата не се вклучија дел од матурантите кои, организирани од Сојузот на средношколците, почнаа бојкот, барајќи државна матура со испити по два наместо по четири предмети (три екстерни и еден интерен).

Претседателот на Сојузот, Бленди Ходаи изјави дека бојкот има во средни училишта во 20 градови, вклучително и во Скопје, затоа што завчерашната онлајн-средба со министерката Мила Царовска поминала без договор да се прифати нивното барање за кратење на бројот на предмети и да полагаат два – мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и втор предмет што ќе биде од областа која матурантот планира да ја студира.

Ходаи рече дека ќе бојкотираат една недела, а за следните чекори и дали ќе имаат протест, ќе одлучат.дополнително. Притоа тој нагласи дека не се за укинување на државната матура, како што бара другата група – Средношколски глас, кои, пак, собираат онлајн-потписи за укинување на матурата.

Според министерката Царовска, легитимно е правото да го искажат незадоволството со бојкот и смета дека се работи за мали, изолирани групи. Таа истакна дека оваа генерација матуранти сепак ќе го полагаат испитот по актуелниот концепт, а промени може ќе има за матурантите во наредната учебна година.

Таа вчера изјави дека само во една гимназија во Скопје има поорганизирано дејствување, а сите други, како што рече, се изолирани групи во дел од гимназиите. Царовска соопшти дека ќе се формира работна група за подготовка на нов концепт на државна матура за наредната учебна година, но за годинашните матуранти, како што рече – „нема бегање од актуелниот концепт”.

– Секако дека се потребни измени во концептот за матура, но оваа година е законски утврдено како се полага и зошто се полага матура, и од тоа нема бегање. Концептот е утврден на почетокот на учебната година и тој се спроведува во моментот. Секое поместување ќе им направи проблем на учениците за запишување во високото образование надвор или во земјава. Токму затоа утврдивме дека сега одиме со овој концепт. Повеќе од 14 илјади ученици имаат пријавено да полагаат – и проектна задача и да ги полагаат предметите, истакна Царовска.

За да се осовремени завршниот испит, и за оваа година, додаде министерката, се направени некои промени – во проектната задача и во проширување на листата на изборни предмети за третиот екстерен испит со Географија и Информатика.

Државниот испитен центар во ноември ги објави и термините за испитите од трите екстерни испити кои ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни 2021.

МОН во меѓувреме ги продолжува консултациите за Нацрт-концепцијата за основно образование, а ресорната министерката уверува дека сите вклучени во образовниот процес ќе имаат придобивки од реформата.

Ниеден наставник не останува без работа, ниеден предмет нема да биде укинат, фондот на часови ќе се зголеми, а се овозможува и кариерен развој за наставниците, кои ќе бидат помотивирани за работа, ќе имаат и можност за автономност во креирањето и организирањето на наставата – го повтори Царовска ставот вчера, по состанок со наставници од основни училишта од различни општини. Наставниците најмногу ги вознемирило она што, рече Царовска, било пласирано како лажна вест – дека ќе останат без работа.

– Никој од наставниците нема да остане без работа, концепцијата ќе се воведува етапно, во прво и четврто, потоа во 2022-2023 – шесто, второ и петто одделение, и на тој начин, за шест години, ќе добиеме стабилен систем на основно образование, кој главно ќе се фокусира на потребите на учениците. Дискутиравме и за програмите и за нивна директна вклученост во нивната подготовка по новата концепција, со цел да бидат што поадаптирани на нашиот контекст, изјави Царовска, нагласувајќи дека најважно е да се постигнат резултати од учење и тоа да се види на домашните и меѓународните тестирања.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на првиот училишен ден од второто полугодие обвини дека наставата продолжува со старите проблеми – 10 000 ученици ќе ја следат на телевизија затоа што се неопремени, а нивната пратеничка група побара повлекување на нацрт-концепцијата и итна собраниска расправа.

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека ваквото самоволие и ваквите експерименти коишто сака да ги турка оваа Влада преку министерката Мила Царовска, се крајно несериозни, понижувачки и дека последиците од сето ова ќе ги трпат учениците и наставниот кадар, реагираше пратеничката група на опозициската партија, која ваквиот став вчера го изнесе на седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт.

Царовска одговори дека расправа ќе има, но не во собраниската Комисија за образование, туку, како што рече – на средба во Собранието на која ќе бидат поканети сите засегнати страни за да дискутираат за новата концепција. Таа нагласи и дека МОН ги слуша и прифаќа сите конструктивни забелешки кои ги примиле за нацрт-концепцијата.

Министерството за образование и наука најави дека консултативниот процес ќе продолжи и по завршувањето на рокот (20 јануари) за писмени коментари, предлози и сугестии и дека со дебати со разни засегнати страни ќе се расчистуваат дилемите околу концепцијата. Неа МОН планира да ја воведе од септември, ќе се спроведува во етапи за по шест години целосно да биде имплементирана во основното образование.

Watch Interspecies Reviewers Episode 9 (https://crunchyrollfree.com/m/jbZg/ep-9) at Crunchyroll free iwatobi swim club crunchyroll

Rent-a-Girlfriend (https://animeflix.nl/m/bxZM) Episode 12 at website https://animeflix.nl animeflix i want to eat your pancreas