June 21, 2021 19:03
Спорт

Вториот тим на МЗТ Скопје го доби со службен резултат мечот со Вардар и засега обезбеди опстанок

Комесарот за натпревари во Кошаркарската федерација на Македонија, Александар Милојевиќ, ја усвои жалбата на втората екипа на МЗТ Скопје УНИ Банка за вчерашниот пораз од Вардар (56-68) во вториот меч од плејаутот за опстанок во прволигашкото друштво и напреварот го регистира со службен резултат. Вториот тим на МЗТ Скопје  се жалеше за настап на кошаркар во редовите на „црвено-црните“ кој не бил пријавен во записникот.

Во извештајот на делагатот и судии е потврдено дека Данаил Иванов со број 34 влегол во игра пред крајот на третиот период, иако го немало во пријавната листа, по што бил отстранет, а на Вардар му била досудена техничка грешка.

Оваа службена победа значи опстанок за МЗТ Скопје УНИ Банка, бидејќи стигна до две победи во серијата со Вардар (2-0).

Вардар има право на жалба до Арбитражната комисија во рок од 24 часа. Нејзината одлука ќе биде конечна.

AnimeFreak animefreak my hero academia: Watch Dragon Ball Super (Dub) Episode 59

ANIMEFLIX animeflix weathering with you: Watch My Hero Academia 2 Episode 18 (https://animeflix.nl/m/VPkM/ep-18)