June 26, 2022 23:09
Економија

Вториот по големина светски производител на пченица го забрани извозот

Индија го забрани извозот на пченица и таа одлука на државата стапи на сила доцна синоќа, соопшти владата во Њу Делхи.

Вториот по големина производител на пченица во светот се обидува да ја намали цената на локалниот пазар. Испораките на пченица се дозволени само во случаи кога продажбата била одобрена претходно, додаде владата, објави „Ројтерс“.

Откупувачите од целиот свет се свртеа кон Индија за откуп на пченица, откако беше прекинет извозот на пченица од Украина по рускиот напад.

Зголемување на цените на пченицата и нов максимум, како и пад на цените на сојата и пченката, го одбележаа тргувањето на Новосадската берза за производи оваа недела.

Најголемо учество во прометот има пченицата, чија тежинска цена изнесува 40,19 динари за килограм без ДДВ, што е зголемување за 1,14 отсто.

Пченката се тргуваше во интервал од 33 до 34 динари за килограм без ДДВ, а пондерираната цена беше 33,33 динари што е пад од 1,98 отсто во однос на минатата недела.

Склучени се договори за соја од 82 динари за килограм без ДДВ на почетокот на неделата до 79 динари на крајот на неделата.

Пондерираната цена на сојата изнесува 80,16 динари за килограм, што е намалување за 4,46 отсто во однос на претходната недела.

На Берзата на производи истргувани се вкупно 4.380 тони стока со финансиска вредност од 224,2 милиони динари.

code go88 mod go88 đánh lô trên go88

tải sunwin 2022