April 21, 2021 01:37
Магазин

„Вселенски баскет 2″ без Пепе ле Пју

Филмскиот хит во најава, „Вселенски баскет 2: Ново наследство” (Space Jam: A New Legacy) – продолжение полуцртаната комедија со Мајкл Џордан, овојпат ќе биде без сега веќе контроверзниот Пепе ле Пју.

Всушност, како што пренесуваат американските медиуми, „Ворнер брос” веќе трајно „го пензионирале” смрдливиот твор со тврд француски нагласок и „романтичарски”, но наметлив нарав.

Ова е уште еден повод, некои конзервативни и други кругови во САД повторно да ја критикуваат тн. „култура на исклучување” – стремеж кон повлекување на сите шеги и ликови кои може да бидат навредливи за некого, или се критикувани како политички некоректни. За противниците на „културата на исклучување”, тоа е недозволива цензура.

Во вториот дел на „Вселенски баскет” ќе глуми Леброн Џејмс, а првото прикажување на филмот е закажано за 16 јули оваа 2021 година.