December 1, 2022 18:54
Хроника

Вршел обљуба врз дете што му го довериле на чување

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело полов напад врз дете што не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот, кому родителите му ги доверувале на чување трите деца на возраст од 8, 6 и 2 години, искористувал исти пригоди и во повеќе наврати вршел кривично дело обљуба врз најстарото дете.

Бидејќи постојат околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и соучесниците и дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор.

Судијата за претходна постапка го прифати предлогот и му определи мерка притвор во траење од 30 дена. ​​