October 17, 2021 11:10
Македонија

Врховниот суд ги одби жалбите на Рашковски, останува во притвор

Врховниот суд на денешната јавна седница ги одби како неосновани жалбите на поранешниот генерален секретар на Владата, а сега обвинет Драги Рашковски, кој бараше да му се укине кучниот притвор.

-Врховниот суд на Република Северна Македонија, на ден 22.09.2021 година по одржана јавна седница по предметот Вкж1.бр.31/2021, донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбите на обвинетиот Д.Р. од Струмица, изјавена преку неговиот бранител и на обвинетиот Д.С. од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, а обжаленото решение на Апелациониот суд Скопје, КСЖ.бр.456/21 од 01.09.2021 година го потврди, се наведува во соопштението објавено на веб страната на Врховниот суд.

Минатата недела, во јавноста излегоа фотографии од Рашковски како се шета додека е во куќен притвор. Објаснувањето е дека Основниот суд му дозволил во одреден период од денот да користи здравствени услуги, но тој не беш придружуван од полиција, како што е вообичаена процедурата.

Но, обвинителството побарало лицето кое го „уловило“ Рашковски да го достави телефонот кај нив, за да се види дали шета во дозволеното време, бидејќи во спротивно ќе бара повторно да биде вратен во Шутка.

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска пред неколку дена изјави дека истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата е во завршна фаза.

-Го добивме материјално-финансиското вештачење. Се чека уште едно вештачење, треба до следната недела да стигне и тоа и ќе се викаат осомничените да дадат своја одбрана, доколку сакаат, посочува Русковска во интервјуто.

Потврди дека се истражува како може Рашковски да си дозволи гаранција од околу 500 илјади евра за замена на мерката притвор во домашен притвор, а во истрагата влегува и прашањето од каде му парите на Рашковски за хациенда во Побожје.

Инаку, ексгенералниот секретар на Владата е обвинет дека купил софтвер за автоматско казнување за сообраќајни прекршоци од 81 000 евра. Обвинителството отвори уште две истраги за Рашковски, -за оштетување на буџетот за 100 илјади евра со незаконито спроведување на јавна набавка, како и дека на еден од другите обвинети му наместил работно место и хонорар, па потоа му наплатувал по 500 евра од секоја плата.

Digimon: The Movie (Dub) Episode Full

Website https://animebee.to: Watch Shugo Chara!! Doki animebee Episode 51 animebee

ANIMEFLIX: Wild Adapter anime episode 2 online free at https://animeflix.nl animeflix black butler

https://wcostream.cc wcostream dragon ball super

Greensock: https://greensock.com/profile/99837-kissanimemx/?tab=field_core_pfield_11

Dashburst: https://dashburst.com/gogoanimebe