February 20, 2020 19:45
Балкан

Врховниот суд во Романија пресуди Ливиу Драгнеа да остате во затвор

Петчлен судски совет на романскиот Врховен суд денеска ја отфрли жалбата на поранешниот лидер на Социјалдемократската партија, Ливиу Драгнеа, за 3,5-годишната затворска казна која му беше изречена во мај 2019 година, јави Аџерпрес.

Драгнеа беше осуден под обвинение за поттикнување на злоупотреба на служебената положба во врска со фиктивни назначувања на две службенички во Агенцијата за заштита на детето во округот Телеорман, каде тој од 2000 до 2012 година бил претседател на Окружниот совет.

Жалбата на Драгнеа за укинување на казната беше поднесенља заради начинот на кој бил формиран судскиот совет што му ја изрече затворската казна.

Денешната одлука на Врховниот суд е конечна.