Скопје

Времен сообраќаен режим на улицата „Александар Урдаревски“

Град Скопје известува дека поради реконструкција на коловозот на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, почнувајќи од денеска на оваа сообраќајница ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, ќе се однесува на потегот од кружниот тек на крстосницата со улица Боца Иванова, до крстосувањето со улица Бутелска, а ваквиот режим ќе важи до завршување на градежните работи на улица Александар Урдаревски.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.