January 24, 2022 21:16
Македонија

Врачена наградата „22 Ноември” на политиколот Илбер Села и писателот Фејзи Бојко

Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември” денеска во Собранието ја додели наградата „22 Ноември” за 2021 година на политикологот Илбер Села и писателот Фејзи Бојко.

Станува збор за признание што се доделува на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот, кои дале свој придонес во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање на припадниците на различните заедници, култури и вери во државата.

Писателот Фејзи Бојко се заблагодари за добиената награда, а на припадниците на албанската заедница им го честиташе  Денот на албанската азбука – 22 Ноември.

-По мое мислење, овој празник е еден од најголемите празници за Албанците. Ова е празник и за Северна Македонија во која живееме со векови, и општо земено добро се разбираме. Во историјата сме биле и подредени. Можеби имало случаи и ќе има на недоразбирање, меѓутоа сите сфативме дека единствено праведно, напредно корисно решение е што подобро да се запознаеме, да бидеме еден со друг и да имаме една заедничка цел, која води кон вистинскиот, искрениот и човечкиот пат за подобар заеднички живот, рече Бојко по врачувањето на наградата.

Тој напомена дека му е драго што Денот на албанската азбука во државата се слави неколку дена по ред со убави и културни содржини, при што, како што рече, само на овој начин еден со друг и еден до друг можеме да одиме уште понапред, и да ги оствариме сите соништа.

Фези Бојко во изминативе децении има преведено 40-тина дела од македонски на албански јазик, како и шест книги од албански на македонски јаизк. Автор е на 16 оригинални дела збирки поезија, како и раскази за деца и млади.

Како коавтор е трикратен добитник од конкурсот на Министерството за образование во 2009 година, за книгите за јазик и литература за четврто, шесто и седмо одделение.

Илбер Села е редовен професор на Универзитетот во Тетово од 2010 година, а работел и како советник за евроатлантски прашања во Министерството за одбрана. Исто така, бил и претседател на Комисијата за издавање на универзитетски дипломи при Министерството за образование и наука, а исто така дал придонес како член на Советот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Северна Македонија. Избран е и за директор на Агенцијата за примена на јазици.

Од Одборот за доделување на државната награда на припадници од албанската заедница им го честитаа Денот на албанската азбука, а на добитниците на наградата „22 Ноември” и нивните семејства им честитаа за добиената награда.

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)

AnimeDao Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub)

My Hero Academia Season 5

free anime AnimeDao Death Note (Dub)

DARLING in the FRANXX (Dub)