Скопје

Вработени од „Паркови и зеленило“ спасиле млада птица сокол и ја предале во ЗОО

Вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје при извршување на своите редовни работни активности во населбата Карпош 4 приметиле како група на чавки се собрала околу млад сокол и го напаѓале.

„При извршување на редовните активности нашите вработени од пунктот во Карпош 4 спасија од сигурна смрт млада птица сокол од видот ветрушки. Малата птица беше падната на земја и опколена со чавки кои ја колваа и сигурно ќе настрадаше доколку работниците не ја спасија и ја однесоа во Зоолошката градина од каде ќе биде предадена на одгледувач – љубител на птици на опоравување и згрижување, стои во соопштението на ЈП „Паркови и зеленило“.