June 16, 2021 16:44
Македонија

Вработени во спортски обложувачници: Вработени во спортски обложувалници: Издржуваме фамилии, плаќаме кредити и бараме само да работиме

Ние, вработените во спортски обложувалници денес одржавме прес-конференција пред Владата на РС Македонија, на која ги изнесовме нашите ставови во врска со прелог измените на Законот за игри на среќа.
Ги проследуваме и писмено во целост:

Ние вработените во спортските обложувалници сме сериозно загрижени за последиците по нашата егзистенција доколку се усвојат новите предлог-измени на Законот за игри на среќа. Донесувањето на ова законско решение ќе значи затворање на сите објекти и оставање преку ноќ без егзистенција 3.500 вработени во обложувалниците, а околу 10.000 вработени во целата индустрија. Покрај тоа, евентуалното донесување на овој закон ќе има последици и по останатите субјекти, мали семејни компании со кои соработуваме, а чија заработувачка исклучиво зависи од нашето работење. Ова е огромна штета која може да им се нанесе на голем број семејства кои ќе останат без своите основни приходи.
Како причина за донесување на новиот предлог-закон се наведува заштита на малолетниците. Сакаме јасно да ставиме до знаење дека ние целосно го почитуваме моменталниот закон кој го регулира ова, а во кој е строго пропишана забрана за пристап и учество на малолетниците во игрите на среќа. Ако во наш објект влезе лице за кое се сомневаме дека е малолетно, ние како вработени сме должни да побараме документ за идентификација и доколку лицето не поседува таков документ, го замолуваме да го напушти објектот. Ние немаме интерес и не сакаме малолетници во нашите објекти. Работиме чесно и според сите закони.
Во услови на ваква кревка економија и економска нестабилност, се прашуваме дали државата е свесна што ќе се случи доколку се затворат сите објекти од индустријата? Приредувачите на игри на среќа се најголемите даночни обврзници и полначи на државната каса, преку кои државата секоја година добива милиони евра во буџетот.
Успеавме да ја пребродиме и најтешката година на пандемијата, никој од нас не беше отпуштен, дополнително имавме и вработувања на луѓе кои останале без работа со кризата, тие беа примени во нашите фирми. Иако нашиот сектор беше меѓу првите кој беше затворен, сепак работодавците обезбедија редовни плати и придонеси за сите вработени, не дозволувајќи да останеме на улица.

Издржуваме фамилии, плаќаме кредити и бараме само да работиме. Ако се усвојат законските измени, ќе излеземе сите на улица, на протест. И не само ние вработените од спортските обложувалници, туку и сите кои се засегнати од вакво законско решение.

AniWatch anime sites: Watch SK8 the Infinity Episode 9

GoGoAnime anime sites: Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) Episode 10