February 16, 2019 17:08
Македонија

Вработените во „Секјуриком“ ќе ја добијат платата за јули и август

Сметката на „Секјуриком“ ќе биде одмрзната за исплата на платите за јули и август

Вработените во „Секјуриком“ ќе ја добијат платата за јули и август. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека до Основниот суд Скопје 1 – Скопје доставиле согласност за одмрзнување на сметка на компанијата.

За „Секјуриком“  беше донесено Решение за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции и привремено замрзнување на сметки на сопстевникот Волфганг Гампер и поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски за кои е поднесено обвинение за криминал тежок над 10 милиони евра преку тенедери за одржување на просториите на Владата, како и за четири правни лица.

-Следејќи ја состојбата на вработените и грижејќи се за почитување на законските права на работниците на кои неколку месеци не им се исплатени плати и придонеси за нивната работа во правното лице за чиј сопственик е покренато обвинение, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави согласност за одмрзнување на сметка на правното лице, се маведува во соопштението на ОЈО.

Одмрзнувањето на сметката преку која се исплаќаат платите и придонесите за вработените е до износ со кој се покрива нивната исплата за месец јули и август.

Related posts

Судијата не дозволи медиумите да го снимаат Груевски во судницата

24news

Одложено судењето за смртта на Тамара

24info

Димитров се срeтна со новиот амбасадор на Јордан во Македонија

Ivona