January 22, 2022 21:59
Македонија

Вработените во „Дрекслмајер” засадија околу 3500 садници во месноста Страгово

Вработените во „Дрекслмајер”, во рамки на волонтерска акција за пошумување, засадија околу 3500 садници во месноста Страгово во близина на изворот на реката Луда Мара со цел негова заштита од пресушување.

– Вработените во „Дрекслмајер” Кавадарци успешно ја реализираа акцијата за пошумување нa висормнината Витачево во месноста Страгово во регионот на Кавадарци. Во соработка со јавното претпријатие „Национални шуми” подружница Кавадарци беа засадени багремови садници на
површина од околу еден хектар, соопштија од компанијата.

Како дел од стратегијата за заштита на животната средина, „Дрекслмајер” заедно со своите вработени иницира и организира бројни проекти и активности. И овој пат вработените волонтерски и многу мотивирано се вклучија во акцијата за пошумување во пределот Витачево каде во еден ден беа засадени околу 3500 садници.

– Секој од нас треба одговорно да се однесува, бидејќи единствено така ќе создадеме услови за подобар живот за сите генерации. Преку реализацијата на оваа акција сакаме да бидеме добар пример и да дадеме поттик за подигнување на свеста за грижата за животната средина, вели Лукас Мирингер, генерален менаџер на „Дрекслмајер” Македонија.

Дел од потребниот алат кој се користеше и во претходно реализираната акција за пошумување е донација од страна на „Дрекслмајер”, а останатиот дел, механизацијата како и стручна поддршка беа обезбедени од страна на подружницата на ЈП „Национални шуми” во Кавадарци.

– Ефикасното управување со шумите преку процесот на ревитализација придонесува за намалување на негативните влијанија врз животната средина. Драго ни е што „Дрекслмајер” традиционално организира ваков тип акции и повторно на дело ја покажува својата општествена одоговорност и грижа за животната средина. Заедно со вработените од компанијата успешно засадивме багремови садници во близина
на изворот на реката Луда Мара со цел негова заштита од пресушување, вели Митре Старчевски, шумарски инженер од кавадаречката подружница на ЈП „Национални шуми”.

Вработените во „Дрекслмајер” се горди на иницијативата за организирање на активности од ваков тип и преку тимска работа придонесуваат за општото добро на природата и на зедницата.

– Потребно е да се организираат што повеќе вакви акции за пошумување. Денеска поминав квалитетно време со моите колеги и среќен сум, бидејќи знам дека со учеството во оваа волонтерска акција за пошумување направив добро дело”, вели Влатко Трајковски вработен во „Дрекслмајер”.

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

dubbed anime 4Anime SK8 the Infinity (Dub)

stream anime online Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc

4Anime Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway

High School DxD Episode 10

Boruto: Naruto Next Generations