January 21, 2020 14:41
Македонија

Вработените во администрацијата на ЈП Комунална хигиена- Скопје денеска се приклучија кон големата акција за чистење „Администрацијата чисти”

Вработените во администрацијата на ЈП Комунална хигиена- Скопје денеска се приклучија кон големата акција за чистење „Администрацијата чисти” организирана од Владата на РСМ, со цел подигнување на јавната свест за одржувањето здрава и чиста животна околина, во којашто учествуваат сите државни институции. Екипите од оперативата на ЈП Комунална хигиена- Скопје се задолжени за подигнување и транспорт на насобраниот отпад од дваесетте локации во градот Скопје, каде што се одвива акцијата. Од механизацијата на терен се употребуваат пет специјални комунални возила-патарки, три специјални комунални возила-кипери и еден втоварувач.

Нови вести

Најавите за поништување на Договорот од Преспа се директна закана за членството во НАТО

Igor

Пратениците со меѓусебни обвинувања за работата на Акетната комисија за Охрид

Igor

СДСМ е стабилен и искрен партнер на граѓaните- гледаме напред

Igor