October 23, 2020 03:51
Спорт

Во Џенова врие од инфицирани играчи со коронавирусот

Италијанските медиуми тврдат дека 11 фудбалери на калчолигашот Џенова и три членови на клубот имаат позитивен тестови на коронавирусот. Од овие позитивни играчи на Џенова, шестмина настапија во неделата на гостувањето кај Наполи каде примија половина дузина голови (6:0).

Пред да замине тимот на Џенова за Неапол беше потврдено дека инфициран со коронавирусот е Матија Перин и Ласе Шоне. По враќањето од Непол, тимот на македонскиот интеранционалец Горан Пандев објави дека има 14 позитивни тестови. Според „Скај спорт Италија“, дури 11 од овие позитивни тестови се на фудбалерите, но нивните имиња не се соопштуваат. Тие шпекулираат дека дел од фудбалерите при враќањето во Џенова имал симптоми по што се наредени нови тестови. Поради ова, мечот против Торино овој викенд најверојатно ќе биде одложен, а фудбалерите на Наполи ќе мораат во изолација и на постојано тестирање.