April 2, 2020 18:51
Свет

Во Џакарта поплавени околу 10.000 домови

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе делови на главниот град на Индонезија, Џакарта.

– Поплавени се 81 локации во Џакарта, вклучително и бизнис центарот. Се очекува обилен дожд и силен ветер да се задржат до утре. Ја повикуваме јавноста да биде подготвена, изјави портпарол на Националната агенција за управување со катастрофи, Агус Вибово.

Тој додаде и дека невремето предизвика хаос во сообраќајот.

Гувернерот Аниес Басведан изјави дека околу 10.000 куќи се поплавени.

Поплавите и лизгањето на земјиштето се вообичаени во Индонезија за време на сезоната на дождови.

За време на викендот 10 ученици загинаа во надојдената вода на реката Џогџакарта во централна Јава.

Во поплавите што во јануари ја погодија Џакарта и блиските градови загинаа најмалку 66 лица.