June 23, 2021 06:37
Свет

Во Јужна Африка почна кампањата за вакцинација

 Јужна Африка, каде што има индиција за третиот бран на пандемијата на коронавирусот, денеска ја започна големата кампања за вакцинација, во која најпрво ќе бидат вклучени лицата постари од 60 години и лицата со висок ризик.
Владата планира да вакцинира 16,6 милиони луѓе за шест месеци во рамки на втората фаза на планот за имунизација на населението, вклучувајќи околу пет милиони луѓе над 60 години до крајот на јуни.
– Овие цели ќе бидат исполнети доколку вакцините се достават на време, рече синоќа министерот за здравство Звели Мхизе.
Тој изрази надеж дека до крајот на јуни ќе добијат 4,5 милиони дози од вакцината на „Фајзер” и два милиона дози од „Џонсон и Џонсон”.
Јужна Африка е најтешко погодена од пандемијата на коронавирусот со над 1,6 милиони заразени и 55.210 починати, а досега вакцинирани се само еден процент од населението.

AnimeDao hunter x hunter animedao: Watch Naruto: Shippuden Episode 428 (https://animedao.nl/m/oro/ep-428)

4Anime 4anime one piece: Watch Fairy Tail Episode 82