June 24, 2021 19:55
Спорт

Во Јапонија расте бројот на граѓаните кои не сакаат да бидат домаќини на Игрите

Во Токио сè почести се протестите против одржување на Олимписките Игри, што дури 80% од жителите не сакаат летово да се случи најголемиот спортски собир на планетата во нивниот главен град. Ситуацијата во Јапонија со корона-вирусот и натаму е алармантна, а само 1% од жителите се целосно вакцинирани. Сметаат дека одржувањето на Игрите само ќе ја влоши ситуацијата, а од организацискиот одбор и меѓународниот олимписки комитет тврдат дека нема да се случи ново одложување.

„Нормално дека сме засегнати околу корона-вирусот, меѓутоа никој не размислува околу ново одложување или откажување на Игрите. Засега планот се одвива како што предвидовме и тие ќе почнат на 23 јули“, истакна Сеико Хашимото, претседателот на организацискиот одбор.

Што се однесува до јапонските граѓани, 43% од нив посакуваат Игрите целосно да се откажат, додека 40% настојуваат повторно да се одложат. Само 14% од жителите се за Игрите да се одржат по секоја цена.

За потсетување, ОИ во Токио требаше да се одржат лани летото, но како и многу други спортски настани се одложи за претстојниот летен период, а неизвесноста и натаму трае дали воопшто ќе се одржат на околу два месеци пред најавениот старт.

AnimeTV anime tv streaming online: Hunter x Hunter Episode 148

KissAnime vinland saga kissanime: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/gdLB) Episode 39