January 16, 2019 01:13
Хроника

Во Ѓорче се запали куќа, двајца во болница

Во Ѓорче се запали куќа, двајца во болница

Пет минути пред полноќ во Скопје на улицата “Ѓорги Поп Христов“ настанал пожар на првиот кат од куќата на 72-годишниот С.С.

Според првичните наоди, најверојатно причина за пожарот е заборавен вклучен шпорет во кујната. Пожарот го забележале соседите од вториот кат Ф.M (20) и М. M(28), кои ја разбудиле и извадиле С.С. надвор.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за против пожарна заштита во 00.20 часот.

Заради вдишувањето поголемо количество чад, на Ф.М.и М.М.им била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар-Мајка Тереза, по што се пуштени на домашно лекување.

Related posts

УХМР за вечерва најавува страшно невреме

24news

Арслани од случајот „Чекан“ замина на лекување

24news

Куче касна 82 годишен возрасен маж во Скопје

24news