June 17, 2019 07:12
Спорт

Во Шпанија уапсени 28 тенисери поради наместени натпревари

Шпанската полиција уапси вкупно 83 лица, меѓу кои се најдоа 28 тенисери, поради сомневање дека учествувале во наместени натпревари од  турнирите. Како што известуваат шпанските медиуми, еден од уапсените тенисери се натпреварувал на минатогодишното издание на УС Опен.

Оваа информација се  наведува дека истрагата ќе продолжи и покрај апсењата.

Првичните информации говорат за дури 97 натпревари чиј исход се смета дека е наместен. Во случај на докажување на вината на 28-те тенисери, ова ќе биде најголемиот случај на наместени натпревари во професионалните спортови во Шпанија.

Како главен организатор на наместените натпревари и манипулацијата со нивните исходи се наведува група од Ерменија која успеала да воспостави директна врска со тенисерите, со цел да оствари финансиска добивка. Еуропол наведува дека Ерменците лично доаѓале на турнирите за да се осигураат дека работата ќе биде завршена до самиот крај, онака како што е договорено.

Понатаму се наведува дека шпанската полиција блокирала дури 42 банкарски сметки, преку кои се правени трансакциите, како и дека во текот на акцијата се запленети околу 150.000 евра.

Нови вести

Гарсија го освои турнирот во Нотингем

Filip

Дресот на бејзбол легендата Бејб Рут продаден за 5,6 милиони долари

Filip

Вест Хем со понуда до Макси Гомез

Filip