August 20, 2019 01:03
Свет

Во Шпанија разбиена мрежа за трговија со луѓе

Шпанската полиција разби мрежа за трговија со луѓе, при што уапси 11 лица осомничени дека организирале превоз на илегални мигранти преку Средоземното Море.

Полицијата соопшти дека уапсените организирале превоз на мигранти од Мароко до бреговите на Шпанија, со мали чамци што не се наменети за пловење по отворено море.

Според полицијата, за „превозот” мигрантите на криумчарите им плаќале по меѓу 3.500 и 6.500 евра. По пристигнувањето во Шпанија, мигрантите биле префрлани во т.н. сигурни куќи, каде биле присилно држени се додека не платат по уште 1.000 евра за нивно ослободување.

Пред ослободувањето криумчарите ги снабдувале мигрантите со облека, мобилни телефони и автобуски билети до некоја дестинација во Шпанија или друга европска држава.

По затворањето на италијанските пристаништа за прием на илегални мигранти од Африка во текот на минатото лето, Шпанија прерасна во главна влезна точка во Европа за мигрантите од африканскиот континент.

Нови вести

Полицијата во САД викендов спречила три можни масовни пукања

Filip

Пекинг ги користел Твитер и Фејсбук против демонстрантите во Хонг Конг, тврдат двете социјални мрежи

Filip

Началникот на Федералните затвори во САД отстранет од функција по самоубиството на Епстајн

Filip