November 26, 2020 01:10
Свет

Во Швајцарија засилени епидемиските мерки

Во Швајцарија денеска се засилени  епидемиските мерки со цел да се спречи натамошното ширење на нови случаи на Ковид-19.

Како што пренесуваат странските агенции, новите мерки вклучуваат затворање дискотеки од утре, прекинување на универзитетските часови од почетокот на ноември и нови ограничувања на спортските настани и патувања.

Владата во Берн соопшти дека старите и новите ќе бидат воведени на неодредено време.