January 16, 2021 06:36
Свет

Во Чешка бројот на починати од Ковид-19 двојно зголемен од минатиот месец

Вкупниот број починати од Ковид-19 во Чешка двојно се зголеми во ноември и надмина 7.000 луѓе, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Кон крајот на октомври Чешka потврди 3.523 смртни случаи како резултат на инфекција со коронавирусот, а до денеска тој број се искачи на 7.021. Властите соопштија дека 5.809 пациенти се новозаразени со коронавирус во земјата.

Бројот на хоспитализирани пациенти се зголеми за 6.307, што е за 1.976 помалку отколку на 6 ноември, кога најголем број луѓе беа примени во болниците за еден ден од почетокот на пандемијата. Во Чешка, една од најтешко погодените земји во Европа, има пад на бројот на нови случаи и хоспитализирани пациенти, што ги натера властите да ублажат некои ограничувања.